Албанското Министерство за одбрана во саботата извести дека двајца албански војници биле повредени додека спречиле двајца Руси и еден украински државјанин да се обидат да влезат во фабрика за воена опрема во централна Албанија.
„Тројца државјани со руски и украински пасош се обиделе да влезат во фабриката. Војниците кои ја обезбедуваа фабриката реагираа веднаш, но при напорите да ги спречат тројцата странци, беа повредени двајца војници“, се вели во соопштението на Министерството.
Приведени се тројца странски државјани, додаваат од Министерството.
Според податоците на официјалната веб-страница на министерството, се работи за фабрика која се занимава со производство за одбранбената индустрија, која произведувала руски пушки АК 47 (Калашников) за време на комунизмот.