226
Вчера во 15 часот било пријавено дека во непосредна близина на локалниот пат Ливада-Делогожда-струшко, во штала сопственост на Џ.Ш.(59) од с.Делогожда од удар на гром настанал пожар, при што истата била целосно опожарена.
-Во внатрешноста на шталата имало 250 бали јонџа, потоа јачмен, пченица, жито и една приколка со трактор.Повредени лица нема.Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат до МВР.