Јапонија во страв: Земјата размислува да распореди 1.000 проектили со долг дострел поради нови закани

од Берта Китинска
212 прегледи

Јапонија размислува да распореди 1.000 крстаречки ракети со долг дострел за да се одбрани од растечката закана од Кина, објави весникот „Јомиури“.

Министерството за одбрана размислува да ги распореди своите ракети од земја тип 12 и да го зголеми нивниот дострел од околу 200 километри на повеќе од 1.000 километри.

Тие ќе ги распоредат на нивните оддалечени југозападни острови и во регионот Кјушу, пишува јапонскиот весник, цитирајќи неидентификувани владини извори.

Ракетите исто така ќе бидат модифицирани за да бидат лансирани од брод и од воздух. Со повеќе опции за лансирање и продолжен дострел, тие полесно би стигнале до Кина и Северна Кореја.

Идејата за проширување на ракетните капацитети со долг дострел оживеа откако Кина за прв пат лансираше пет балистички ракети во водите во близина на јапонската Окинава претходно овој месец.

Лансирањето беа дел од големите воени вежби околу Тајван, за кои Пекинг рече дека се одговор на посетата на Ненси Пелоси.

Слични содржини