218
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин разговараше во Москва со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рече дека „Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ не го заборава вековното братство“.
Според соопштението на МВР на Србија, Вулин рече дека Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и „не станала дел од антируската хистерија“.
Тој додаде дека Лавров е искрен пријател на Србија и на српскиот народ и изрази благодарност до Русија за доследно почитување на суверенитетот и интегритетот на Србија и непризнавањето на независноста на Косово, додека Лавров рече дека Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во зачувувањето на нејзината територијалниот интегритет.