Во американската сојузна држава Арканзас, тројца полицајци беа суспендирани од должност, откако случаен минувач ги снимил како удираат со тупаница на осомничениот за време на апсењето во неделата.
Според Си-Ен-Ен, тројцата се под истрага. Двајца од полицајците на видеото се заменици на шерифот на округот Крафорд, а третиот е офицер во полицискиот оддел Малбери, потврдија агенциите во соопштението.
На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како полицајците го удираат човекот со тупаници по лицето.
Исто така, на снимката може да се слушне жена која вели „Не го тепај! Му требаат лекови“.
Еден полицаец ја пцуеше, а друг и нареди да влезе во неговиот автомобил.
#BREAKING: Arkansas State Police launch investigation into this incident, captured on camera, outside a convenience store in Crawford County. ASP says two county deputies and a Mulberry police officer were involved. #ARNews
**WARNING: GRAPHIC VIDEO / No audio** pic.twitter.com/dYE0htfAsf
— Mitchell McCoy (@MitchellMcCoy) August 21, 2022