Лавров: За Косово мора да се најде решение во согласност со нормите на меѓународното право

од Берта Китинска
216 прегледи

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека имајќи го предвид неодамнешното влошување на ситуацијата на Косово и Метохија, неопходно е да се најде решение засновано на строго почитување на нормите на меѓународното право, врз основа на резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН, со целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет и легитимните права и интереси на Србија.

Лавров ова го изјави на средбата со српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин во Москва, со кого разговарал за прашања од билатералната и регионалната соработка, објавено е на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Слични содржини