Угостителите во Виена соочени со астрономски сметки за струја: „Вакво поскапување е неподносливо“

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Рестораторите во Виена се соочени со астрономски сметки за струја, што го загрозува нивното постоење. Сопственичката на култниот ресторан „Хумел“, Кристина Хумел на Фејсбук објави дека отсега месечно за струја треба да плаќа 6.206 евра повеќе.

„Нешто мора да се случи што поскоро. Вакво поскапување на струјата во однос на лани, со речиси иста потрошувачка, не е подносливо во гастрономијата“, напиша таа и додаде дека ресторанот веќе не е бизнис, туку хоби од кое не може да се живее.

Таа изјавила дека трошоците за нејзиниот ресторан се зголемиле од 2.976,55 евра на 9.182,88 евра месечно.

„Постојано добивам повици од колеги кои плачат затоа што не можат да се справат со зголемените трошоци“, предупреди Хумел.

Истакна и дека во јануари, кога многумина ќе ја добијат разликата од месечната рата и потрошувачката, ќе мора да поднесат барање за стечај.

Слични содржини