Макрон: Нема компромис, Русија го направи својот избор

од Берта Китинска
200 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика учесниците на вториот самит „Кримска платформа“ да не покажуваат слабост во односите со Русија и да не прават компромиси со таа земја.

„Русија го направи својот избор, без оглед на преземените обврски. Не смееме да покажуваме слабост, никаков дух на компромис, бидејќи се работи за слобода за сите и мир во сите делови на светот“, рече Макрон во обраќањето до учесниците на на самитот, како што објави РИА Новости.