Шојгу ги објасни причините за забавување на руската офанзива во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Забавувањето на офанзивата за време на специјалната воена операција во Украина е свесна одлука, условена од желбата да се минимизираат цивилните жртви, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

На состанокот на министрите за одбрана на Организацијата за соработка Сангаи во Ташкент, Шојгу рече дека Русија строго се придржува до нормите на хуманитарното право за време на „специјалната операција“ во Украина, пренесува РИА Новости.

„Се изведуваат удари со високопрецизно оружје врз воената инфраструктура на вооружените сили на Украина – командни пунктови, аеродроми, магацини, утврдени објекти, објекти на воено-индустрискиот комплекс. Во исто време, се прави се за да се избегнат цивилни жртви. Секако дека тоа го успорува темпото на офанзивата, но на тоа одиме свесно“, истакна Шојгу.

Шојгу тврди дека украинските сили користат станбени области, училишта, болници, градинки како пукачки позиции, ставаат тенкови и артилерија во нив, а населението го користат како жив штит.

Слични содржини