Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги предупреди Французите дека светот се соочува со „големи промени“ и дека доаѓа крајот на „изобилството и негрижата“.
На првата седница на владата по летниот распуст, Макрон рече дека „моментот во кој живееме се чини дека е создаден од серија кризи, од кои секоја е посериозна од претходната“, мислејќи на сушата, пожарите што ја погодија Франција во текот на летото, како и војната во Украина и нарушувањата на светскиот пазар, пренесува Ројтерс.
„Верувам дека поминуваме низ прилично голема промена“, рече Макрон и ги повика министрите да бидат амбициозни, а граѓаните да вложат повеќе напор. Тој посочи дека „слободата има цена“ и дека победата во претстојната битка ќе се извојува само со сопствени сили.