Mitsubishi Xpander By Speedline Industries (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Малезиски Speedline Industries создаде уникатна копија на кросоверот Xpander на Mitsubishi, кој се продава на азискиот пазар.

Овој Xpander е инспириран од моторспортот и има бројни визуелни модификации, вклучително и аеро боди кит (променет преден браник со спојлер, хауба со отвори за воздух, комплет прагови, заден дифузер, заден спојлер на покривот), сет од 18-инчни алуминиумски тркала, изменета суспензија, како и тркачка графика за надворешноста (црвена, сива и црна графика на бела позадина, инспирирана од богатото наследство на Mitsubishi во мотоспортот).

Внатрешноста, сепак, остана иста како кај стандардниот модел, а тоа важи и за 1,5-литарскиот бензински мотор со 77 kW/105 КС, со автоматски менувач и погон на предните тркала.

Возилото најверојатно ќе остане единствен проект, бидејќи компанијата не објави дека планира да го понуди на продажба. Сопствениците на Xpander можат да ја приспособат и надворешноста на своето возило, бидејќи постоечкиот комплет Speedline Industries вклучува нова решетка, продолжетоци на браникот, дополнителни LED светла и издувни цевки.