Фотографиран новиот BMW X6 M со минимална камуфлажа

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Баварската компанија повеќе не губи време камуфлирајќи го надградениот X6 M за време на претпродукциското тестирање. Секако, малку го криеја изгледот на предниот дел, но речиси целиот останат дел од возилото сега беше фотографиран без камуфлажа при последните проценки на Нирбургринг.

Очигледно е дека најголемите промени ќе има во предниот дел на автомобилот, кој BMW продолжува успешно да го крие, а се очекува и нов браник, светла, решетка на ладилникот, како и делови од капакот на моторот.

Најверојатно главната ставка на овој редизајн ќе бидат новите, потенки фарови и малку редизајнираната решетка на ладилникот. Под нив има браник кој ќе има пониски отвори и ќе биде многу потесен во однос на сегашниот модел.

Што се однесува до изгледот на задниот дел, се очекува BMW да остане верен на актуелното решение, а назад да нема многу промени. Прототипот забележан на Нирбургринг има ист заден дел како сегашната генерација, па компанијата од Минхен не се замара со камуфлажа. Сепак, за BMW не би било тешко да вгради нови задни светла со слични димензии, но различен дизајн.

Шпионските фотографи не можеа да ја снимат внатрешноста, но се чини дека и таа е камуфлирана. Ова може да значи дека новиот BMW X6 М ќе го добие најновиот софтвер iDrive 8 со заоблен екран, решение што веќе го видовме кај електричниот модел iX. Се очекуваат и други промени во кабината, но сепак минимални.

Што се однесува до погонската единица на моделот BMW X6 M, не се очекуваат промени. Тоа значи дека овој теренец со високи перформанси ќе продолжи да го придвижува 4,4-литарски мотор со 625 КС во изданието Competition.

Официјалната премиера на редизајнираниот BMW X6 М се очекува наскоро, но датумот се уште не е познат.