Малиот модел на Honda N-One доби ново специјално издание Style + Urban во Јапонија, кое доаѓа со контролна табла од вештачко дрво и кожни седишта.
Автомобилот се карактеризира и со хромирани детали на хаубата со сјајна црна позадина (што важи и за црните капачиња на ретровизорите, рачките на вратите, страничните влошки и декорацијата на задната врата која е опкружена со хром), Full-LED светла, тркала од 14 инчи …
Палетата вклучува бои наречени Garden Green, Platinum White, Premium Ivory, Meteoroid Grey и Flame Red.
Опремата вклучува греење на предните седишта и автоматска климатизација, како и опционален екран на допир.
Honda N-One Style + Urban има бензински мотор од само 660 кубика, со 43 kW/58 КС, со CVT менувач и погон на предни или четири тркала.
Цените во Јапонија се движат од 1.679.700 до 1.812.800 јени (од 12.330 до 13.310 евра).
https://www.youtube.com/watch?v=PmdpWc-zFWo