Организаторите на „Sea Dance“ и „Exit“ испратија покана до финската премиерка: И јавните личности имаат право да се забавуваат

од Берта Китинска
165 прегледи

Основачот на фестивалот Sea Dance, Душан Ковачевиќ, преку својот Инстаграм профил ја покани премиерката на Финска, Сана Марин да дојде на овогодинешното издание на фестивалот, а во име на целата организација ја изрази својата поддршка во медиумското лудило што се појави минатата недела.

Во својата покана до финската премиерка, Ковачевиќ изјави дека би сакал таа да го посети не само Sea Dance, туку и фестивалот EXIT следниот јули, нагласувајќи дека нејзината енергија и позитивен став се добредојдени на сите фестивали EXIT.

Изминативе денови, како што се наведува, јавноста е поделена во одобрувањето и осудата на објавеното видео на кое се гледа како премиерката се забавува и танцува со група пријатели и познати личности.

Да потсетиме, најмладата премиерка на светот, Сана Марин, се најде во центарот на вниманието на јавноста поради видеа од домашна забава на која танцува и пее во издание каде јавноста не е навикната да ја гледа. Поради ова, таа беше мета на критики, пред се од опозицијата во Финска, но и од други кои сметаат дека не и доликува да се однесува на таков начин поради функцијата што ја извршува.

Видеата веднаш го преплавија интернетот, а бројот на коментари не може да се утврди. Опозицијата побарала Марин да направи тест за дрога, а таа го направи и резултатот беше негативен.

По видеото што се појави во финската јавност минатата недела, премиерката Сана Марин се извини за уште една фотографија, исто така од приватна забава, која ја приреди во официјалната летна резиденција во јули минатата година.

Слични содржини