Toyota тврди дека клиентите не сакаат електрични автомобили

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Џек Холис, извршен потпретседател за продажба во Северна Америка на јапонската компанија Toyota, неодамна ги понуди своите размислувања за иднината на усвојувањето на електрични возила во САД. Накратко, Холис верува дека САД ќе имаат многу тешко време да го достигнат планираниот број електрични возила до 2030 година, пред се поради недостатокот на побарувачка за електрични автомобили.

Toyota е светски шампион кога станува збор за хибридниот погон, но оваа компанија многу се двоумеше пред да го претстави и започне производството на својот прв електричен автомобил. Овој производител дури отиде толку далеку што креираше маркетинг кампањи за промовирање на хибриди pred електричните возила, бидејќи рекоа дека имаат опција за „самополнење“.

Во основа, Toyota верува дека клиентите треба да имаат избор на погонска единица за нивниот автомобил. Дополнително, јапонскиот производител инсистира дека токму овие клиенти ќе ја имаат конечната одлука кога ќе дојде време на улиците да се најдат голем број електрични возила. Во меѓувреме, американската влада се надева дека најмалку 50 отсто од новoпродадените автомобили ќе бидат целосно електрични до 2030 година. Администрацијата на Бајден ја објави оваа цел минатата година, а оттогаш многу производители ја забрзаа електрификацијата и ги споделија своите планови со јавноста.

Сепак, Toyota смета дека овој план нема да успее, а многу други производители исто така ја изразија својата загриженост за бројните пречки за постигнување на оваа цел, како што се високите цени и малиот број полначи.

„Мислам дека пазарот не е подготвен. Мислам дека инфраструктурата не е подготвена. Па дури и ако сте подготвени да купите електричен автомобил, цените се сепак превисоки. Ни требаа 25 години за хибридите да достигнат 10% пазарен удел и тие се попристапни. Ако почнете да ги туркате клиентите на работи за кои не се подготвени, ќе се случи некоја друга последица“, вели Џек Холис.

Слични содржини