Changan Raeton Plus

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Кинески Changan најави почеток на продажбата на обновената верзија на моделот Raeton наесен, која ќе добие и додаток Plus во името.

Лимузината сега се карактеризира со променет изглед на предниот и задниот дел, како и многу помодерен ентериер со два екрани и поквалитетни материјали.

Што се однесува до димензиите, Raeton Plus е долг 4800 mm, додека меѓуоскиното растојание е исто како порано – 2770 mm.

На почетокот ќе се нуди само 1,5-литарскиот турбо мотор со 188 КС и седумстепен автоматски менувач.

Цената не е спомната во кратката вест.