ГЕРМАНСКАТА влада формираше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на „Газпром Германија“, енергетскиот бизнис од кој рускиот „Газпром“ излезе во април, објави во неделата германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, цитирајќи владин документ. Во април германскиот енергетски регулатор објави дека ќе управува со „Газпром Германија“ (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа.
Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding GmbH (SEEHG) е одговорен за инвестициите на компанијата, објави весникот, наведувајќи дека директорите се двајца адвокати од адвокатската фирма CMS Hasche Sigle, која одби да го коментира извештајот, наведувајќи ги обврските за доверливост.
Германското Министерство за економија соопшти дека знае за холдинг-компанијата и дека нејзиното основање е превентивен чекор за какви било мерки за реструктуирање.
„Тоа е мерка на претпазливост која во моментов постои само како обвивка на корпоративното право“, изјави портпаролот на Министерството за „Велт ам Зонтаг“.