Кинескиот BYD го подготви и plug-in хибридниот кросовер Corvette 07 за автосалонот во Ченгду.
Новиот кросовер е долг 4820 mm, широк 1920 mm, висок 1750 mm и меѓуоскино растојание од 2820 mm.
Во кратката вест се наведува дека серискиот дел од опремата ќе биде мултимедијален систем со екран од 15,6 инчи, LED светла и алуминиумски тркала до 20 инчи.
Погонскиот систем се состои од 1,5-литарски турбо бензински мотор со 139 КС и два електромотори (со 197 КС и 204 КС), а се нуди со батерии од 9,9 kWh или 18,3 kWh (доволно за 46 km или 71 km возење во електричен режим).
Продажбата во Кина започнува следниот месец, по цена од околу 250.000 јуани (36.470 евра).