Украинските сили трипати во текот на денот ја гранатираа хидроцентралата Каховка и градот Нова Каховка во Херсонската област, што предизвика пожар во фабриката Сокол, изјави денеска Владимир Леонтиев, шеф на регионалната воено-цивилна администрација.
„Денеска беа извршени три ракетни напади. Цел беа хидроцентралата и градот. Фрагменти од ракети го погодија центарот на градот, беа оштетени цивилни објекти. Освен тоа, беше извршен напад и врз фабриката „Сокол“ во центарот на градот рече Леонтиев во интервју за ТАСС.