133
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски му го честиташе 68-от роденден на својот белоруски колега Александар Лукашенко.
Двајцата лидери разговарале и за актуелните политички настани, вклучително и за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
„Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор срдечно му го честита роденденот на претседателот на Република Белорусија, Александар Лукашенко“, се наведува во соопштението.
„Тие разговараа за некои клучни билатерални прашања, како и за ситуацијата во Украина“, додаваат од Кремљ.