294
Последниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст.
„Вечерва почина советскиот претседател Михаил Горбачов“, напиша „lenta.ru“.
Ова е соопштено во Централната клиничка болница, пренесува РИА Новости.
„Михаил Сергеевич Горбачов почина вечерва по тешко и долго боледување“, пренесува ТАСС.
Во јуни, портпаролот на Фондацијата Горбачов, Владимир Полјаков, изјави дека Михаил Горбачов боледува од бубрежна болест и дека е на третман, вклучително и хемодијализа. Влошеното здравје на 91-годишниот поранешен претседател на СССР тој го поврза и со возраста.
Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година.
Фото: rambler.ru