Toyota Yaris Cross GR Sport и за Европа

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Во јули Toyota го претстави Yaris Cross GR Sport на јапонскиот пазар, а сега оваа нова верзија на нивниот помал кросовер е промовирана со европски спецификации.

Toyota вели дека Yaris Cross GR Sport има подобрена управливост покрај ревидираната суспензија. Автомобилот е исто така понизок за 10 mm, поставен е на тркала од 18 инчи, а прилагоденo е и електричното серво na воланot.

Покрај горенаведеното, Toyota на овој кросовер му обезбеди саќе црна маска, заден дифузор, нови предни седишта со греење и црвени шевови, како и кожен волан со три краци со логото GR, дел од централната конзола во темно сива металик боја и алуминиумски педали.

Конечно, достапна е и нова Dynamic Grey боја, како и двобојни опции.

Yaris Cross GR Sport ќе биде достапен со хибриден погон со 1,5-литарски бензински мотор, но цената не се споменува во кратката вест.