ВИДЕО: Вучиќ се пофали дека може да испие многу вино: „Испив над 100 чаши“

од Берта Китинска
203 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствува на саемот „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград, каде е домаќин заедно со лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора воопшто не криеше колку го сака виното.

Имено, гледачите можеа да ја гледаат дегустацијата на винaтa на одредени телевизии, а самиот претседател на Србија се пофали дека може „многу да пие“.

– Немојте повеќе, луѓето ми броеа, испив повеќе од 100 чаши, тоа што не ми е ништо, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам, се пофали претседателот на Србија во телевизиски пренос.

Во еден момент советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ се обиде да ја земе чашата, проба од виното и сакаше да ја тргне настрана, но тој ја грабна назад и продолжи да пие.

– Само да пробам – рече Сузана Васиљевиќ, која по една голтка почна да ја враќа чашата на Вучиќ на трибината, но тој беше убедлив: „Не, не, не…“ и му ја зема назад чашата со вино од човекот на штандот.

Васиљевиќ потоа се обиде да го фати претседателот за рака, но тој се оттргна и со еден поглед и покажа дека е време да се откаже и да се оддалечи од него, што на крајот таа и го направи.