Франција подготвува програма за изнајмување е-возила за 100 евра месечно

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Франција се подготвува да започне нова програма која ќе им помогне на своите граѓани да изнајмат електричен автомобил за само 100 евра месечно.

Во соопштението кое француската Влада го објави по тој повод, се наведува дека се свесни оти електричните возила се уште ги надминуваат буџетите за набавка на автомобили на најголемиот број Французи, па се надеваат дека ова е мерка која ќе овозможи присуството на вакви автомобили на улиците на Франција брзо да се зголеми.

Покрај оваа, се воведува уште една мерка со која Французите ќе можат да купуваат електрични автомобили со попуст до 6.000 евра, а клиентите ќе можат да добијат дополнителни попусти доколку решат да се откажат од старите автомобили при купувањето. Сите горенаведени мерки беа воведени за да се зголеми процентот на електрични возила на улиците, бидејќи во првите седум месеци електричните автомобили учествуваа со само 12 отсто од набавките на нови возила во оваа земја.

Со овие мерки, француската влада сака да ја приближи Франција до скандинавските земји, кои се лидери во употребата на електрични возила во Европа. На пример, во Норвешка во 2021 година, дури две третини од купените нови автомобили беа базирани на електричен погон.

Слични содржини