Кадиров најави дека се повлекува од функцијата

од Nikola Popovski
155 прегледи

ЛИДЕРОТ на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека на таа позиција е долго време и дека заслужува „ долг и одмор на неопределено“.

-Јас ја водам републиката 15 години. Ние, Кавказците и Чеченците имаме една изрека: „Колку и да е ценет, долгоочекуван гостин, ако замине на некое време, уште попријатно е“. Мислам дека дојде моето време. Се додека не ме избркале. Мислам дека сум веќе стар. Порано бев најмлад, неискусен. А сега останав неискусен, но младоста отиде некаде, изјави Кадиров на видео, објавено на Телеграм каналот на РИА Новости.

Кадиров изрази надеж дека Чеченците ќе го „поддржат и разберат“.

Слични содржини