Кинезите уште еднаш докажуваат дека се шампиони за ниски цени.
Претставен е првиот модел со хибриден погон од „SAIC-GM-Wuling“. Теренецот со ознака „Xingchen“ е по цена од 99.800 јуани (14.459 долари) во Кина.
„Wuling Xingchen“ добива енергија од 2,0-литарски 4-цилиндричен бензински мотор, потпомогнат од електричен мотор до 100 kW (136 „коњи“). Кинезите не ја објавија вкупната моќност на хибридниот погон, ниту максималниот вртежен момент, но открија дека автомобилот од 0 до 60 км/час забрзува за само 3,2 секунди.
Овој хибриден теренец е и доста економичен, судејќи според фабричките податоци. Официјално троши 4,6 литри на 100 км во градско возење и 5,7 l/100 км во комбиниран циклус.
„Car News China“ наведува дека димензиите на возилото (L/W/H) се 4.954/1.820/1.750 мм, додека меѓуоскиното растојание е 2.750 мм, а опремата е доста богата.
Меѓу другото има и 8-инчен дигитален инструмент табла, потоа дијагонален мултимедијален системски екран од 10,25 инчи, додека потпирачот за грб на задните седишта може да се прилагоди за 14 степени.
Меѓу опциите е и панорамски покрив.