Москва очекува што поскоро да бидат казнети организаторите на терористичкиот напад на руската амбасада во Кабул, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Се надеваме дека креаторите на овој терористички чин и неговите извршители ќе ја добијат заслужената казна во многу блиска иднина“, рече Лавров на почетокот на разговорот со неговиот таџикистански колега Сирожидин Мухридин.
Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, а најмалку 15 се повредени.