Бразил му нареди на Apple да престане да продава iPhone телефони без полначи

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Бразилската влада во вторникот му нареди на Apple да престане да продава iPhone-и без полначи, тврдејќи дека компанијата им нуди на потрошувачите нецелосен производ.

Министерството за правда го казни Apple со 2,38 милиони долари и нареди откажување на продажбата на iPhone 12 и поновите модели, заедно со суспензија на продажбата на сите модели на iPhone кои не доаѓаат со полнач.

Во наредбата, објавена во службениот весник на земјата, министерството тврди дека на iPhone му недостига суштинска компонента во „намерната дискриминаторска практика против потрошувачите“.

Властите го отфрлија аргументот на Apple дека оваа практика е насочена кон намалување на емисиите на јаглерод, велејќи дека нема докази за заштита на животната средина од продажба на паметен телефон без полнач.

Apple одби да ја коментира ситуацијата.

Слични содржини