Вучиќ со државни и воени почести го пречека Ердоган пред Палатата Србија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со државни и воени почести му приреди свечен пречек на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред Палатата Србија.

Ердоган во вторникот вечерта пристигна во дводневна посета на Србија, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречекаа Вучиќ, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ и министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ.

По свечениот пречек со интонирање на националните химни, поздрав до гардата и почесните водови, предвидена е средба меѓу Ердоган и Вучиќ, а потоа ќе се одржи пленарна средба на делегациите на Србија и Турција.

Потпишување на договори меѓу двете земји беше најавено во 13 часот, а потоа Вучиќ и Ердоган ќе одржат заедничка медиумска конференција и ќе се обратат пред бизнисмените од двете земји на бизнис форумот.

Во текот на попладневните часови двајцата претседатели ќе го посетат и „Белград на вода“.

Пред три години Ердоган ја посети Србија, кога заедно со Вучиќ го поставија камен-темелникот за изградба на автопатот Белград-Сараево.

Ердоган во Белград пристигна од Сараево, а од Србија заминува за Хрватска, која е последната дестинација на неговата мини балканска турнеја.

Слични содржини