„Зимата ќе биде долга, ќе има само мрак и снег“ – ова е дел од рекламата на руски „Газпром“.
Станува збор за реклама која директно алудира на прекинот на испорака на рускиот гас кон Европа.
Поради поддршката на Украина, Европа ќе замрзне, смета рускиот гигант „Газпром“.
Со стиховите на советскиот поет Јуриј Визбор, речиси двеминутната реклама покажува како работник го исклучува гасот, а потоа започнува зимата.
Кадрите од знамето на Европската унија, како и на европските метрополи, се наизменично прикажани со придружните стихови: „Гледај, преку реката, есента тивко умира, а зимата ќе биде долга, само мрак и снег“.
Европската комисија воведе алтернативни политики во однос на снабдувањето со гас. Магацините се полни до ниво од околу 80 проценти.
Најголемата фабрика за преработка на гас во Европа е во Барселона, што значи дека Шпанците имаат гас што доаѓа од запад.
Франција најави активирање на сите нуклеарни централи, издадено е „портокалово предупредување“.
Слична е ситуацијата и во Германија и Италија, кои пред руската инвазија добиваа 48 отсто од гасот од Русија. Тие одлучија да ја продолжат работата на седум термоелектрани на јаглен.
Се укажува и на заштеда на енергија во приватните домаќинства, што може да надомести третина од недостигот на гас од Русија, пишува „24sata.hr“.