Русија ќе возврати, но нема да се изолира од ЕУ

од Nikola Popovski
127 прегледи

Русија денеска најави дека ќе воведе одмазднички мерки за ограничување на визите за нејзините граѓани за влез во Европската унија, но рече дека нема да се изолира од Унијата како одговор на европските мерки.

„Нашите интереси, интересите на нашиот народ, ќе бидат земени предвид на прво место при изборот на одмазднички мерки“, изјави за новинарите портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, пренесе Ројтерс.

Таа нагласи дека Руската Федерација нема да се изолира од ЕУ како одговор на ограничувањето на визите за Русите во Унијата.

Министрите за надворешни работи на ЕУ минатата недела се договорија за мерки што ќе го отежнат влезот на руските граѓани во европскиот блок.

Кремљ ги нарече ограничувањата „смешни“.

Литванија, Латвија, Естонија и Полска потоа најавија дека ќе го ограничат влезот на руските граѓани.