Потпишан меморандум за соработка на царините на Албанија, Црна Гора и Италија според примерот на Македонија и Грција

од Nikola Popovski
111 прегледи

Денес во Рим, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров учествуваше на работна средба со директорите на Царинските управи на Италија, Црна Гора и Албанија, заедно со високи претставници на ЦЕФТА Секретаријатот и Меѓународната транспортна заедница.

На состанокот биле потпишани Меморандуми за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинските управи на Албанија и Црна Гора со Царинската управа на Италија, следејќи го примерот на Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Грција, од самитот во Солун во јули оваа година, на кој беше потпишан првиот меморандум со земја членка на ЕУ за воспоставување на електронска размена на податоци помеѓу двете земји.

Директорката Кутиров истакнала дека размената на податоците пред пристигнување на стоките помеѓу земјите од регионот е од големо значење како за олеснувањето на царинските процедури, за поефикасни контроли, а дополнително придонесува и за забрзување на транспортот и трговијата во регионот.

Сите страни изразиле подготвеност за продлабочување на соработката, како и планирање на заеднички идни активности.

Слични содржини