Британската воена разузнавачка служба во саботата објави дека украинските воени сили сериозно ја загрозуваат руската контрола над градот Купјанск, чие заземање би претставувало голем удар за Русија, бидејќи низ градот минуваат рути кои се клучни за снабдување на бојното поле во Донбас.
Тоа го докажува фотографијата на која украински војници со знаме во рацете позираат пред административниот центар во Купјанск.
Да потсетиме, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето секојдневно видео обраќање во петокот вечерта објави дека украинските сили зазеле повеќе од 30 градови и села на истокот на Украина во областа Харков.
„Постепено ја преземаме контролата врз нови населби. Го враќаме украинското знаме и заштитата на нашиот народ насекаде“, рече Зеленски, додавајќи дека продолжуваат „жестоките борби“ во регионот Донбас на истокот на Украина, како и на југот на земјата.