Toyota GR86 Turbo е направена, но…

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Австралискиот магазин CarSales добил потврда од Toyota дека јапонската компанија го направила GR86 со турбо мотор и дека се работи за трицилиндричен 1,6-литарски агрегат кој го има и кај моделите GR Yaris и GR Corolla.

За GR Corolla, тоа значи 300 КС и вртежен момент од 400 Nm во верзијата Morizo ​​​​Edition. Ова значи дека GR86 Turbo доби зголемување од 72 КС и 150 Nm во споредба со стандардниот модел.

Сепак, GR86 Turbo беше дизајниран само како тест возило за да и помогне на Toyota понатаму да развива синтетички горива. GR Yaris и GR Corolla веќе се модифицирани за да работат на она што се надеваме дека на крајот ќе го спаси моторот со внатрешно согорување од изумирање. Има трошка надеж дека еден ден ќе продадат и GR86 со турбо полнач.

На прашањето на CarSales дали има шанси, главниот инженер на Gazoo Racing, Наојуки Сакамото, одговори: „Да, размислуваме за можноста да го користиме во иднина, но во моментов нема конкретни планови“.

Сакамото објави дека GR86 опремен со моторот G16E-GTS ќе се оценува во јапонската тркачка серија Super Taikyu.