Осветлувањето на познатата Ајфелова кула во Париз најверојатно ќе се исклучи порано од вообичаено, за да се заштеди енергија, а зад овој предлог стои градоначалничката на француската престолнина Ан Идалго.
Како што пренесува магазинот „Журнал ди диманш“, градоначалникот оваа недела пред градските власти ќе презентира план со кој ќе се намали потрошувачката на струја поради енергетската криза во Европа.