ЕУ целосно го суспендира договорот за визно олеснување со Москва

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Од 12 септември Европската унија целосно ќе го суспендира договорот за визно олеснување со Москва.

Сега цената на документот за влез во земјите од ЕУ ќе се зголеми од 35 на 80 евра. Од апликантот се бара проширен список на документи, а разгледувањето на барањето за виза ќе се зголеми на 45 дена, пренесува „Росиа 24“.

Покрај тоа, земјите кои не се членки на ЕУ ги заоструваат своите политики за влез. Со тоа црногорските власти имаат намера да го укинат безвизниот режим со Русија, соопшти министерството за надворешни работи на таа земја.

Покрај тоа, балтичките земји и Полска повеќе не ги пуштаат Русите дури и со визи од трети земји.

Слични содржини