Иран се согласи наскоро да го ослободи грчкиот екипаж од двата танкера кои ги заплени во мај во Тихиот океан како одговор на американското одземање на гориво од ирански танкер во Грција во април, соопшти Грчката комерцијална бродска унија, пренесува денеска „Ројтерс“.
Тој случај доведе до тензии меѓу Атина и Техеран, како и Иран и Соединетите Американски Држави од друга страна.
Танкерот со иранско знаме „Лана“ Грција го заплени во април, а САД конфискуваа дел од горивото од танкерот поради воведените санкции против Иран.
Иранскиот танкер беше официјално пуштен во јули и оттогаш е закотвен во Пирејското Море, конфискуваното гориво е вратено и сега се чека да биде вратено во Иран.
Не е јасно кога ќе бидат ослободени двата грчки танкера во Пацификот.