Фатен е крадец во Ченто, направил три кражби за еден ден

од Берта Китинска
165 прегледи

На 11.9.2022 во 17:30 часот на подрачјето на населбата Ченто, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба го лишиле од слобода Д.Џ.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела, и тоа две тешки кражби и едно одземање на моторно возило.

Пријавениот сите кривични дела ги извршил на 9.9.2022 на подрачјето на Гази Баба, едното во куќа и двете во деловен субјект.

Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците.

Со лицето бил извршен службен разговор, а во присуство на Јавен обвинител извршено било препознавање.

По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по брза постапка.

Слични содржини