Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

од Nikola Popovski
200 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти во разговор со поранешниот шеф на Меѓународната граѓанска канцеларија, Питер Фејт, изјавил дека Косово е „најдемократската земја на Западен Балкан“, пренесе приштинска „Коха“.

-Се собравме да ја прославиме 10-годишнината откако Косово стана суверено и целосно независно, рекол Курти и изјавил дека Косово е „сега најдемократската земја на Западен Балкан“.

Тој оценил дека напредокот во владеењето на правото е во согласност со економскиот напредок и нагласи дека Косово е „сигурен партнер на меѓународната сцена“.

Фејт оценил дека Курти со своето мудро водство ќе овозможи заштита на интересите на Косово.

Според Фејт, Брисел не бил многу заинтересиран за неговата улога, но тој решил да ја спроведе долгата листа на планот на Ахтисари, пренесување на овластувањата и одговорностите на косовските институции, со големо противење од Србија „од самиот почеток“.

Во текот на летото 2012 година, претставниците на меѓународната група размислуваа да стават крај на надгледуваната независност.

„Кога дојде време да го прекинеме во септември 2012 година, заминавме жалејќи за пријателството што го имавме со граѓаните на Косово. Заминавме и не оставивме никаква трага зад нас“, заклучи Фејт, објави косовскиот онлајн портал.

Слични содржини