Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека 49 лица загинале при гранатирање на границата со Азербејџан, пренесува РИА Новости.
„Нашите загуби се 49 загинати“, рече Пашинјан во своето обраќање во парламентот.
Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација.