Ерменија ја извести ЕУ за новиот конфликт со Азербејџан

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска разговараше со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за новото ескалирање на тензиите на ерменско-азербејџанската граница, соопшти ерменската влада.

Ерменија ѝ соопшти на Европската унија дека Азербејџан е одговорен за ескалацијата на тензиите околу спорната територија Нагорно-Карабах, при што и Баку и Ереван се обвинуваат меѓусебно за најновото обновување на судирите во текот на ноќта, во кои двете страни пријавија жртви, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на Европскиот совет рече дека ЕУ е „подготвена да вложи напори за да спречи понатамошна ескалација“ и дека „нема алтернатива за мирот и стабилноста во регионот“, се вели во соопштението на ерменската влада.

Слични содржини