Олексеј Данилов, претседател на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, одговори на заканите на сојузникот на Путин, Дмитриј Медведев.
На Твитер Данилов му порача на Медведев „да најде бункер во кој ќе се сокрие“.
Еден ден претходно, Медведев му се закани на режимот во Киев „дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат“.
„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на земја како Северна Кореја и на бункер во кој ќе се сокрие“, објави Данилов на Твитер.
Блогеру-початківцю @MedvedevRussia потрібно бути подумки не з Україною, а з державою типу Північної Кореї і саддамівським бункером, де він буде ховатися, і вже нарешті перестати писати «росія» з великої літери й звикати до того що «і це вони ще не відступали».
— Oleksiy Danilov (@OleksiyDanilov) September 12, 2022