195
Сите три помошни далноводи за снабдување со електрична енергија во нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, се повторно активирани, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во Виена.
Првиот беше овозможен повторно да работи во саботата, пренесува „Ројтерс“.
Еден од далноводите со јачина од 750/330 киловолти ја снабдува нуклеарната централа со електрична енергија потребна за ладење на реакторот и други безбедносни функции. Останатите две линии, со јачина од 330 и 150 киловолти, се чуваат како резерва.