Лукашенко ветува: Ќе „поделиме“ огревно дрво со Европа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
212 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во видео објавено денеска ветил дека ќе „подели“ огревно дрво со Европа, за да и помогне да ја издржи суровата зима што доаѓа.

Тој ветил дека нема да стои настрана и „да дозволи Европа да умре од студ“, пренесува ТАС С.

На канал на Телеграм близок до прес-службата на белорускиот лидер денеска се појави видео од Лукашенко со гореспоменатата изјава.

На видеото, Лукашенко со секира во рака почнува да цепе дрва во двор на селски имот со бизнисменот Сергеј Тетерин.

„Ајде другар! Спречи ја Европа да умре од студ. Да им помогнеме на нашите браќа, можеби еден ден ќе ни подадат рака и ќе помогнат за возврат“, вели Лукашенко во видеото.

Лукашенко додава ека би сакал помошта во вид на огревно дрво да биде достапна пред се за обичните европски домаќинства.

„Треба да размислиме како ова огревно дрво да им биде достапно на селаните и тамошните семејства кои припаѓаат на работничката класа, а не на големите бизнис-тајкуни“, вели белорускиот претседател.

„Исто така, од клучно значење е да се осигураме дека на Полјаците (претседателот Анджеј) Дуда и (премиерот Матеуш) Моравјецки им е топло. Тие ни се соседи, нели? Можеби ќе се вразумат“, порачува Лукашенко.

Слични содржини