Зеленски ја одликува Фон дер Лајен со орден

од Nikola Popovski
197 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Киев.

„Мојата трета посета на Киев од почетокот на руската војна. Толку многу се промени, Украина сега е кандидат за членство во ЕУ. Ќе разговарам со претседателот Зеленски и премиерот Шмигал како да ги зајакнеме нашите економии и да ги приближиме нашите народи додека Украина се движи кон полноправно членство“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Зеленски на претседателката на Европската комисија ѝ додели и Орден Јарослав Мудриот од прв степен.

„Ова е голема чест за мене. Ја прифаќам оваа награда во името на сите граѓани на Европската унија и како симбол на нашата силна поврзаност“, рече таа во специјалната прилика.

 

Слични содржини