Папата нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета

од Nikola Popovski
213 прегледи

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, што ќе се одржи во понеделник во Вестминстерската катедрала во Лондон, соопшти во петокот Ватикан.

Папата ќе го претставува министерот за надворешни работи на Ватикан, Пол Галагер, се наведува во соопштението за печатот, пренесува АФП.

Погребот ќе биде најголемата безбедносна операција досега за лондонската полиција, објави во петокот лондонската полиција.

Ќе има стотици илјади луѓе на улиците, како што имаше за некои други големи настани во британската историја, вклучувајќи го крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, погребот на поранешниот премиер Винстон Черчил во 1965 година и смртта на принцезата Дијана во 1997 година.

Полицијата досега ќе распореди најголем број полицајци на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик-помошник началникот на лондонската полиција, нагласувајќи дека тоа ќе биде нивната најголема безбедносна операција досега.

Ќе се соберат бројни светски лидери и монарси, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Полициското обезбедување ќе биде поголемо отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Фото: Vatican news

Слични содржини