209
Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, денеска го отвори овогодинешниот Октоберфест, прв по двегодишната пауза поради пандемијата на коронавирусот.
Политичарите, пред се баварскиот премиер Маркус Зедер, во пресрет на 187-иот Октоберфест уверуваа дека нема зголемен ризик од ширење на ковид, пренесуваат германските медиуми.
Градоначалникот на Минхен, сепак, ги повика посетителите да бидат внимателни, а луѓето со хронични заболувања да не одат на Октоберфест.