Русија го ракетираше регионот Запорожје и Николаев

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Руските сили утрово извршија уште еден ракетен напад врз областа Запорожје, едно лице е повредено, соопшти шефот на регионалната воена управа Олександр Старук.

Тој на Телеграм напиша дека руските сили влегле во едно од селата во областа Запорожје, пренесува „Интерфакс Украина“.

Градоначалникот на Николаив, Олександар Сенкевич, соопшти дека руските сили синоќа извршиле ракетен напад врз тој град, но дека нема повредени.

Слични содржини