Косовската разузнавачка служба го информирала Курти за наводни планови за негово убиство

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека добил информација од Косовската разузнавачка агенција (КИА) дека постоел план да се изврши атентат врз него во 2021 година.

„Безбедносните институции ги презедоа сите мерки за да спречат ваква акција. Случајот не беше изнесен во јавноста за да не се шири паника“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот на Косово.

Врз основа на извештаите на медиумите во Албанија, антитерористичката единица на косовската полиција добила информации од разузнавачки извори за закани за убиство на три лица: Албин Курти, Џавит Хаљити и Исмет Хаџа.

Хаљити, пратеник во косовското Собрание од опозициската Демократска партија на Косово, за локалните медиуми во Косово потврди дека ја добил оваа информација, според која животот му бил загрозен.

Исмет Хаџа е поранешен член на Косовската информативна служба.

Медиумите во Албанија цитираат и наведуваат документ во кој пишува дека целта на убиствата на овие лица била да се дестабилизира Косово.

Исто така, постои сомневање дека нивното убиство го планирал Прек Кодра, државјанин на Албанија. Во истиот документ се наведува дека Кодра бил вмешан во повеќе убиства на Косово и во Црна Гора.

„Радио Слободна Европа“ не можела да ја потврди автентичноста на тој документ.

Наводно го објавиле хакери кои извршиле сајбер напади на веб-страниците на институциите во Албанија во јули и септември.

Слични содржини