Светот се прости од кралицата Елизабета во кафулињата и конзулатите

од Nikola Popovski
164 прегледи

Низ светот, толпи луѓе се собраа пред британските амбасади и конзулати и во кафулињата, баровите и други јавни места за да бидат сведоци на историјата – последното збогување на британската кралица Елизабета Втора, кое се одржа на илјадници километри од нивните домови.

Во Хонг Конг, стотици луѓе го следеа погребот на кралицата Елизабета на своите мобилни телефони додека чекаа со часови да му оддадат почит во британскиот конзулат. Во Сиднеј, Австралија, луѓето се туркаа во пабовите за да ја гледаат церемонијата на екраните. И во Париз, француската престолнина, сопственикот на барот „Thibaud Dupont “ ја покажа својата нова тетоважа од монархот на подлактицата.

„Таа не беше наша кралица, но владееше со Британија 70 години. Единствениот кој владееше подолго беше Луј XIV. И тоа е заедничка историја“, изјави тој за Ројтерс.

„Нејзиното присуство е буквално насекаде“, изјави експертот за информатичка технологија Виктор Лаи пред британскиот генерален конзулат во Хонг Конг, каде луѓето чекаа во редици последните 10 дена да се потпишат во книгата на жалост.

„Имате болници, училишта, па дури и имиња на патишта кои сè уште го носат нејзиното име“, додаде Лаи (30).

Во близина, посетителите донесоа цвеќиња, рачно напишани белешки, фотографии, свеќи и други спомени во центарот на градот кој сè уште е обележан со 156 години британско колонијално владеење.

Таму настанот имаше повеќе од историска резонанца. Кралицата беше шеф на државата на Хонг Конг 45 години, претседавајќи во период на брз развој што некои го сметаат за златно доба. Откако територијата беше вратена под кинеска власт во 1997 година, британската влада и нејзиниот монарх, продолжи да игра улога, понекогаш провоцирајќи го Пекинг критикувајќи го неговото владеење.

Во САД, погребот се емитуваше на кабелските станици и беше главен дел од утринските телевизиски емисии.

Слични содржини